Мени

За три месеци издадени 5300 изводи во Куманово

19.09.2013 10:24 | KumanovoNews

Во последниве три месеци на граѓаните во Куманово им се издадени 5300 изводи од матична книга на родени.

За три месеци издадени 5300 изводи во Куманово

Бројката се однесува вкупно за обични и интернационални изводи. Во принцип се вадат за уписи во училишта, на факултети, како и за склучување на брак, за разни постапки пред другите државни институции или пак судови во Република Македонија - вели Катерина Битровска, портпарол на Управа за водење на матични книги.

Во однос на јуни и јули, во август имало повеќе барања за добивање на изводи.

Сите полнолетни граѓани мора лично да вадат извод, а доколку се во странство неопходно е полномошно за трето лице во нивно име да подигне извод.