Мени

За Велигден посиромашно од лани

17.04.2014 14:26 | KumanovoNews

Велики четврток граѓаните го искористија на Зелениот пазар да ги купат неопходните пехрамбени производи за престојниот празник Велигден.

За Велигден посиромашно од лани

Цените на табла јајца се движат од 150 до 180 денари, но трговците велат дека оваа година потрошувачката е помала од лани.

Оваа година е многу слабо и можам да кажам за 30 отсто прометот е намален. Прво нема каде да се паркираат луѓето за да купат јајца на пазар, а втора работа е што јајца се продаваат во сите продавници и маркети и не мора баш од овде да купат. Во просек купуваат по две табли јајца за празникот - вели Сузана Манојловска, трговец.

Тие сметаат дека беспарицата е причина што луѓето се одрекуваат од многу работи кои порано биле задолжителни.

 Се жалат купувачите за цените дека се високи. Нема народот пари и затоа послабо купуваат. Се надеваме дека и утре некој ќе дојде да што му недостасува - се надеваат продавачите.

Пазарот денеска беше во знакот на Велигден, покрај овошје и зеленчук се продаваа и украси, апликации, корпи за декорирање на велигденските јајца.