За викенд пониски температури
Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе биде и денеска. Ќе дува умерен ветер од источен правец. Температурата ќе биде од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
За време на викендот времето претпладне ќе биде сончево, но во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со дожд и грмежи и тоа претежно во западните подрачја. Во сабота ќе дува умерен југоисточен, а во недела северен ветер. Температурата ќе биде во опаѓање особено во подрачјата каде што ќе биде облачно.
Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но заради северниот ветер температурата на воздухот ќе биде од 27 до 34 степени.
Од вторник следува период кога во попладневните часови ќе биде променливо и нестабилно со локален дожд и температури кои ќе бидат без поголеми промени.