Заболени од шуга и во Куманово
05.03.2014 09:19
| KumanovoNews
Во текот на јануари регистрирани се 9 заболени од шуга во Куманово.
Од Центарот за јавно здравје Куманово објаснуваат дека заболените се од повеќе возрасни групи, но бројката е мала и не е алармантна.
Шугата се пренесува од човек на човек. Онаму каде повеќечлени семејства живеат во мал простор, спијат во ист кревет може да се појави болеста и да се пренесе на повеќе луѓе. Прво се јавува чешање на рацете, нозете, па се пренесува на стомакот и по целото тело - велат од Центарот за јавно здравје.
Лани во Куманово имало 77 заболени од шуга што исто така претставува мала бројка.
Во последниве два месеци во Македонија се регистрирани 50 случаи на шуга од кои половина се во Скопје.