Мени

Зачестија цревните инфекции

29.04.2013 16:12 | KumanovoNews

 Зголемен е бројот на граѓани кои побарале лекарска помош поради  цревни инфекции.

Зачестија цревните инфекции

Симптоми се висока температура, дехидратација, губење на течности.  Дел од заболените не бараат лекарска помош, туку замаат народски лекови.  Треба граѓаните да се придржуваат на хигиенски - диететски режим. Треба добро да се измие зеленчукот, салата, спанаќ,  да се направат неколку премивања. Зелена салата треба пет - шест часа да им стои во вода, па потоа да се измие и јаде - велат од Брза помош.

Викендов имало и неколку пациенти со гнојна ангина, а чести се и пролетните алергии за што лекарите советуваат  граѓаните да ги проветруваат своите домови, а на прошетки да излегуваат во попладневните часови.