Мени

Заедницата на Хрватите доби нов координатор

18.02.2013 11:41 | KumanovoNews

 Иван Шеркиниќ е нов координатор на огранокот на Заедницата на Хрвати во Куманово.

Заедницата на Хрватите доби нов координатор

Новиот координатор е избран на годишното собрание што во сабота се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

 Истовремено се избрани администратор и членови на сектори во Огранокот. Новиот координатор се претстави на членовите и зборуваше за планираните активности во 2013 година.    

На собранието присуствуваше и претседател на Заедницата на Хрвати во Република Македонија, Иван Брадиќ.     

Досегашниот координатор Јаков Ламбаша, поднесе извештај за спроведените активности и финансиското работење на Огранокот во изминатиот период.