Заедницата на Хрватите со хуманитарна акција
12.04.2011 07:51
| KumanovoNews
Заедницата на Хрватите во Куманово и организацијата Каритас, утре организираат акција за собирање на облека, обувки и пари за сиромашните семејства.
Во хуманитарсната акција ќе се вклучат и невладините организации од градот, а учество можат да земат и сите останати граѓани.
Можат да донесат се што сметаат дека на нив не им е потребно, а ќе биде од корист на некои луѓе луѓе кои се социјално загрозени-велат организаторите.
Акцијата ќе се спроведе во фоаето на Центарот за култура од 18 до 20 часот.