Мени

Загадена водата за пиење во три села

07.03.2013 13:46 | KumanovoNews

 По поплавите, во селата Клечовце, Јачинце и Довезенце сеуште е забранета за пиење водата од селскиот водовод и бунарите.

Загадена водата за пиење во три села

Водата ќе може да се користи откако ќе се дезинфицираат водоснабдителните капацитети.

 Земени се примероци од селскиот водовод и од некои индивидуални пумпи. Првичните резултати не се добри, односно не одговараат на микробиолошките параметри. Дадено е известување преку Центар за управување со кризи дека водата не треба да се пие се додека не се изврши дезинфекција. На индивидуалните бунари поделени се таблети со хлор. Штом ќе се направи дезинфекција на локалниот водовод ќе се земат примероци за анализа. Има присуство на бактерии кои што по правилникот не се дозволени, и покачена содржина на нитрати, што не е опасно по живот, но може да предизвика акутно заболување - изјави Мимоза Величковски, раководител на одделение за хигиена во Центар за јавно здравје.

Испитана е и водата во Старо Нагоричане за која е утврдено дека може да се користи за пиење.