Мени

Занаетчиите незаинтересирани за субвенции

23.01.2014 10:41 | KumanovoNews

Ниту еден кумановски занаетчија лани не аплицирал за добивање на државни субвенции за автентични занаети или промоција на занаетчиството.

Занаетчиите незаинтересирани за субвенции

Од Министерството за економија потврдуваат дека до нив не стигнала ниту една апликација. Државата нуди 5000 евра за набавка на опрема, алат и усовршување на занаетчиите за да го спречи исчезнувањето на занаетите.

Кумановските занаетчии  слушнале за субвенциите, сумата е примамлива, но тие не се информирани околу процедурата за аплицирање.

Не знам на кој период се даваат тие субвенции. Не сме упатени како треба да оди таа процедура. Ни правеа една анкета дали се доволни 5000 евра. Таа сума е доволна за секој занает. Досега не сум аплицирал, но ако дознам повеќе за условите можеби во иднина ќе аплицирам - изјави Дејан Благојевиќ, чевлар.

Постарите занаетчии во градот кажуваат дека откако тие ќе отидат во пензија ќе ги затворат дуќаните затоа што нема кој да ги наследи, немаат чираци.

Во Куманово се регистрирани 197 занаетчии и 64 вршители на занаетчиска дејност.