Запленета долна облека на патот Крива Паланка - Куманово
11.08.2014 13:49
| KumanovoNews
Мобилните царински тимови запленија облека од комбе кое се движело на релација Крива Паланка - Куманово.
Најдени се 122 парчиња долна облека, јакни и 30 детски торби, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, извршена на патниот правец Крива Паланка - Куманово. Стоката е пронајдена во багажниот простор на возилото, а сопственикот, патник во возилото, не поседувал документ за потекло и платени увозни давачки.