Запленети 13 илјади петарди
Кумановската полиција поднесе кривични пријави против тројца кумановци за нелегална продажба на петарди.
Во периодот пред нова година, во три одвоени случаи биле откриени и запленети околу 13.000 патарди.
Р.С.(46), на ул. „Пролетерски Бригади“, во деловен објект сокрил 6.596 парчиња разни пиротехнички средства-петарди.
И.С.(30), во близина на „Зелен пазар“,полицијата го претресла и пронашла 2.385 парчиња разни видови петарди, што претходно ги набавил за продажба.
На ул. „Страшко Арсов“, извршен е претрес во продавницата „Стена маркет“, сопственост на пријавената И.Т.(36), при што се пронајдени 3.394 парчиња разни видови петарди.
Сите ќе одговараат за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.