Мени

Запленети автоделови на Табановце

13.01.2014 14:33 | KumanovoNews

Во два одделни случаи минатата недела на граничен премин Табановце се запленети автоделови и регистарски таблички.

Запленети автоделови на Табановце

Три автомобили се задржани, откако при контрола на торбите на двајца македонски државјани и еден државјанин на Босна и Херцеговина, патници во автобус што сообраќал од Република Македонија кон Италија, на излез од државата пронајдени  се 3 комплети регистарски таблички и сообраќајни дозволи. Возилата претходно биле привремено увезени во државата, но прекршителите не започнале ниту една од пропишаните царински постапки. Се работи за едно возило марка “пежо 206“, едно возило марка “рено кангу“ и едно возило марка “опел астра“, што дополнително биле пронајдени и привремено задржани.

Во вториот случај 16 разни делови (ланци за снег, дискови и плочки за кочници, фар и водна пумпа) и 50 литри моторно масло за товарни возила, откриени се при контрола на камион со бугарски регистарски таблички, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена во страничниот сандак на возилото, и под и над креветот во кабината на возилото.