Запленети нецаринети чевли во кумановска фирма
02.07.2013 14:19
| KumanovoNews
Царинарници при редовна контрола во магацин на кумановска фирма пронашле нецаринети готови обувки и делови за чевли.
Имало 268 горништа за обувки и 28 пара готови обувки (чевли, чизми, патики, сандали и папучи). За горенаведената стока е утврдено дека не била заведена во листите за евиденција на залиха на основен и помошен материјал и готови производи. Одговорните лица на фирмата не доставиле документација за статусот на стоката.