Мени

Запленети златници на Табановце

07.04.2014 13:34 | KumanovoNews

Четири златници со вкупна тежина од 130 грама се најдени во багажот на турски државјанин на граничен премин Табановце.

Запленети златници на Табановце

Сопственикот на златниците се возел во автомобил со германски регистарски таблички за излез од државата. Во пластично кутивче во рачна торба се најдени 2 златника од Јужна Африка изработени во 1974 година и 2 златника од Австрија изработени во 1915 година. Вредноста на златниците е проценета на околу 235.000 денари.