Мени

Започна обновата на документи за социјална помош

18.10.2011 13:02 | KumanovoNews

 Годишната обнова на документација за корисниците на социјална парична помош ќе трае до 2-ри декември, соопштуваат од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Куманово.

Започна обновата на документи за социјална помош

Корисниците на социјална помош потребно е да ги достават следните документи:

1.Важечка лична карта за државјанин на Република Македонија, дозвола за постојана престој на странец,лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита,

2.Потврда од Агенција за вработување за сите полнолетни лица за утврдување на нивниот статус,

3.Извод од матична книга на родените,

4.Извод од матична книга на венчаните,

5.Извод од матична книга на умрените,

6.Потврда за поседување регистрирано моторно возило(патничко моторно возило,мотор над 50 см3,комбе,автобус,камион),

7.Уверение од Управа за јавни приходи за пријавени или остварени нето приходи,

8.Потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за корисник на пензија остварена во Република Македонија или во странство,

9.Потврда за остварени приходи од плата во Република Македонија или странство,

10.Потврда од Агенција за катастар на недвижности за поседување на недвижен имот на територијата на Република Македонија,

11.Имотен лист од Агенција за катастар на недвижности,

12.Листа за регистрирани податоци за остварен стаж од Фондот за пензиско и инвалидко осигурување,за невработено лице кое не е во евиденција во Агенција за вработување на Република Македонија,

13.Пресуда за развод на брак,

14.пресуда за определена законска издршка,

15.Потврда за редовен ученик/студент.

Во Куманово, социјална парична помош примат околу 6 000 лица од Куманово, Старо Нагоричане и Липково.