Мени

Започна обуката за попишувачи

28.09.2011 13:50 | KumanovoNews

 Во големата сала на Центарот за култура, денеска започна првата од двете обуки за реонските попишувачи што од први октомври ќе вршат попис на домаќинствата и становите во општините Куманово и Старо Нагоричане.

Започна обуката за попишувачи

Ги повикувам сите вработени во јавната администрација да ги погледаат списоците објавени на сајтот на Државниот завод за статистика, и доколку ги има на списокот да дојдат да присуствуваат на обуката што се одржува денеска и утре од 12 до 17 часот во Центарот за култура. Секој што по случен избор е ангажиран за реонски попишувач, има законска обврска задолжително да ја изврши. Само под строго определени услови може да се повлече од обврската,ако се работи за болест или спреченост за кој се има писмен документ. Во такви случаи известувањето треба да се достави до Комисијата, за да нивно место се ангажира друго лице од администрацијата. Доколку некој не е спречен а не сака да учествува во попишувањето ќе биде казнет - вели Игор Божиновски, председател на Комисијата на пописен реон Куманово и Старо Нагоричане.

Обуката је вршат државни инструктори од Скопје,и реонски инструктори кои предходно ја завршила потребната обука.

Седиштето на Државната комисија за попис за општините Куманово и Старо Нагоричене е на улицата „Благоја Богдански Гуцман„, до ресторанот Ексклузив во населбата Гоце Делчев. Пописниот матерјал на попишувачите ќе им се подели во петок попладне.

Семејствата кои се попишуваат треба кај себе да имаат оргинал документи, лична карта или пасош за да докажат своето место на живеење.