Започна проектот безбедни училишта
Одделението за превенција при СВР Куманово започна со активностите за реализација на проектот "Безбедни училишта" наменет за средното образование.
Денеска се одржа средба на работната група составена од претставници од средните училишта, локалната самоупрва, бирото за развој на образованието и СВР Куманово.
"Денеска ги утврдуваме начините на кои ќе се имплементира проектот ,преку прашалници, обврските на училишните тимови за безбадност во училиштата, како и агендата која ќе ги опфати петте средни училишта во градот"- вели Виолета Богдановска од Одделението за превенција од СВР Куманово.
Раководителот на секторот за образование од општина Куманово Миле Стојменовиќ објасни дека Куманово е трет град во државата каде на прашањето за безбедност во училиштата се пристапува во координирана акција на надлежни институции.
"Проектот опфаќа систем на мерки со одржлива основа и долгорочно создава модел со кој се подигнува нивото на безбедноста во училиштата од сите аспкети, "- вели Стојменовиќ.
"Безбедни училишта" во првата фаза е наменет за средношколците, а подоцна ќе ги опфати и вишите одделенија од деветолетката. Учениците ќе имаат можност преку проектот да ги препознаат различните форми на насилство кои се јавуваат во училиштата. Проектот беше усовеен на последната седница на Советот на општината и беа дадени насоки за дејствување за сите чинители кои се вкулчени во образовниот процес. Проектот финансиски е поддржани од мисијата на ОБСЕ.