Мени

Започнаа чествувањата по повод денот на Армијата

17.08.2011 12:11 | KumanovoNews

По повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија денеска ќе се положи свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолоски на градските гробишта Бутел.

Започнаа чествувањата по повод денот на Армијата

Покрај делегација предводена од началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, свежо цвеќе ќе положат и делегации од Владата, Собранието, Министерството за одбрана, поранешните претседатели на Република Македонија, Сојузот на борците од НОВ и Сојузот на резервните воени старешини на Република Македонија.

Пред зградата на МО на ГШ на АРМ ќе се одржи свечено постројување на вработените од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ пред кои ќе се обрати генерал - потполковник Мирослав Стојановски, а ќе присуствува и министерот за одбрана Фатмир Бесими.