Заврши извидничкиот натпревар “Пелинце 2013“
14.05.2013 08:27
| KumanovoNews
Во селото Пелинце викендов се оддржа меѓународен натпревар на извидници, на кој домаќин беше извидничкиот одред „Скаут“ од Куманово.
Ние не се натпреварувавме, туку го организиравме настанот. Имавме 47 гости, дојдоа извидници од Србија, и сите бевме сместени во подрачното училиште “Христијан Тодоровски - Карпош“ во селото. Победници на натпреварот се извидниците од одредот “Краљ Петар Први“ од Ниш, втор е одредот “Методија Митевски - Брицо“ од Скопје и трети “Јадран“ од Скопје - вели Слаѓан Станковиќ, претседател на извиднички одред “Скаут“.
Со златни медали се наградени четворица поединци кои најдобро изработиле профил на терен на поминат дел од патека, извештај, скица и кроки.