Мени

Заврши ликовна колонија “Куманово 2014“

27.08.2014 07:28 | KumanovoNews

Заврши 40 - та јубилејна ликовна колонија “Куманово 2014“ во рамки на која 15 уметници од земјава и странство твореа во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Заврши ликовна колонија “Куманово 2014“

Создадени се дела кои пред јавноста ќе бидат презентирани во ноември пред празникот на градот.

“Овде бев пред неколку години и драго ми е што имам прилика да учествувам на оваа јубилејната колонија. Се потрудив да дадам колку што можам придонес, оваа колонија има своја вредност и треба да се гради. Работев во техника масло на платно“ - рече Илија Костов, сликар.

Присутните ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски и им се заблагодари за учеството на уметниците. Дамјановски се надева дека овој проект во иднина ќе биде уште подобар и поуспешен.

“Меѓународната ликовна колонија ”Куманово 2014”  и оваа година бележи огромен број создадени дела и богата ликовна продукција, и од година во година, оваа колонија прераснува во бренд на Куманово“ - вели Анита Цветановска, директор на Музеј Куманово.

Од Македонија,  на ликовната колонија ”Куманово 2014”, учествуваа Рубенс Корубин, Мирјана Крстева -Массетти, Ване Костуранов, Александар Симоновиќ и Мирослава Цветковиќ, како и учесници се од  Србија и еден уметник од Белгија.

Колонијата ја организираат локалната самоуправа и Музеј Куманово. Оваа ликовна колонија датира од 1974 година и е една од најстарите во државата.