Заврши распустот, следи екстерно тестирање
20.01.2014 09:09
| KumanovoNews
Заврши распустот и денеска почнува второто полугодие за 17.000 ученици во Општина Куманово, а во среда и петок ќе има екстерно тестирање за матурантите.
- Во цела држава ќе има тестирање во среда и петок за матурантите од 4 и 3 година. Ќе се тестираат по два предмети. Кај нас ќе бидат тестирани вкупно 150 деца на македонски и албански наставен јазик. Од вчера се истакнати списоци на училиштето и класните раководители ги информираат по кои предмети ќе бидат тестирани. Уште пред распустот учениците електронски можеа да ги видат можните прашања за екстерно тестирање - вели Весна Трајковска, директорка на СОУ “Киро Бурназ“.
За останатите ученици екстерното тестирање ќе биде кон крајот на учебната година.