Мени

Здравствени работници се одвикнуваат од пушење

12.08.2014 07:02 | KumanovoNews

Десет здравствени работници, два пати неделно го посетуваат советувалиштето за одвикнување од пушење, кое е сместено во Центарот за јавно здравје.

Здравствени работници се одвикнуваат од пушење

Тие се запознаат со штетните последици од пушењето, и велат дека се истрајни во намерата да се откажат од долгогодишниот порок.

   Се пријавија поголем број на наши колеги за програмата за одвикнување од пушење, меѓутоа, поради просторните и кадровските можности, сега во лето е формирана група од десет здравствени работници. Тие слушаат за штетните ефекти и последици од пушењето, иако и самите се здравствени работници тоа го знаат, но некои работи ги обновуваат. Очекуваме некои нагледни средства и други средства кои помагаат во одвикнување од пушење кои ќе ги обезбеди министерството и ќе ни помогне, - вели Марјан Денковски, раководител во Центар за јавно здравје Куманово.

По 23 август освен здравствените работници и граѓаните, кои се активни пушачи ќе можат да се вклучат во програмата за одвикнување од пушење.