Мени

Здравствените работници ќе даруваат крв

08.01.2013 09:22 | KumanovoNews

 Во четврток од 9 до 14 часот во Општа болница Куманово на одделението за трансфузиологија ќе се оддржи крводарителска акција.

Здравствените работници ќе даруваат крв

Ова ни е прва акција за оваа година. Сакаме да ги анимираме вработените. Крв ќе даруваат здравствените работници од болница и од Здравствен дом Куманово. Дел од нив редовно доаѓаат и даруваат крв, а некои се членови на здружението “Коледари“ и таму исто се вклучуваат кога има акции. Единиците крв ќе бидат однесени во Скопје, а оттаму ни даваат кога имаме потреба од крв. Практично ова се прави за нас - вели Лилјана Славковска, трансфузиолог.

Акцијата за дарување на крв се прави во соработка со Црвен Крст.