Мени

Зеленчукот поефтин кај струмичките продавачи

18.09.2013 09:11 | KumanovoNews

 Продавачите на зеленчук и овошје кај Спортската сала привлекуваат повеќе муштерии, поради пониските цени.

Зеленчукот поефтин кај струмичките продавачи

Земјоделците од Струмица велат дека тие се принудени да продаваат поефтино, бидејќи во нивните села се произведуваат големи количини на  земјоделски производи.

Точно е дека сме поефтини од другите. Гајба домати ја продавам за 140 денари, значи 20 денари за килограм. Задоволни сме со оглед на тоа какви се платите во државата. Имам многу пипер, домати произведено. Нешто продадов на големо од дома, но пари ќе земам за 30 дена. До тогаш морам да се снаоѓам, имам сметки за плаќање, кредит за враќање. Јас по втор пат доаѓам во Куманово и тука сигурно има 15 камиони од Струмица - вели земјоделец од село Водоча.

Овие земјоделци продаваат на големо и со месеци живеат во неприфатливи услови во камионите, далеку од семејствата.

Спиеме во камиони додека да продадеме. Остануваме обично по два - три дена и си одиме. Продавам бостан, пиперки, модри патлиџани, јаболка, модри сливи.  Се мачиме и кога нема подобро и од ова сме задоволни - објаснува земјоделец од струмичкото село Баница.

Кумановските земјоделци се жалат дека струмичките земјоделци им се нелојална конкуренција, бидејќи продаваат на јавни површини и не плаќаат никакви давачки.