Мени

Земјоделците чекаат со часови за да аплицираат за субвенции

18.09.2013 14:16 | KumanovoNews

 Редица земјоделци денеска чекаа пред подрачната единица на Министерството за земјоделство за да аплицираат за субвенции.

Земјоделците чекаат со часови за да аплицираат за субвенции

Рокот за поднесување барања истекува во петок и тие се плашат дека нема да стигнат да поднесат документи.

Од 7.30 часот утрово чекам и уште не можам да завршам работа. Ни земаа лични карти, ни запишаа имиња, ама не ме повикаа внатре. Ако не стигнам денеска ќе морам утре пак да се малтретирам. Треба за земја да поднесам барање за субвенции, а рокот задуте завршува - вели Стојанка Митровска, земјоделец од Тромеѓа.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство објаснуваат  дека 76 отсто од фармерите веќе аплицирале за субвенции, а останатите ќе треба да им се отвори и затвори бланко барање за кое ќе имаат рок од 30 дена да го дополнат.

 Ќе треба да отворат само бланко барање во овие два дена и потоа истото да се дополни. Програмата тече 4 месеци и самите се виновни ако досега не поднеле барања. И за дигитално уцртување на парцелите ги информиравме преку подвижната канцеларија на министерството, ги посетивме месните заедници - рече Насер Даути, раководител на подрачната единица на Министерство за земјоделство.

Рокот за аплицирање за субвенции еднаш беше продолжен во интерес на земјоделците.