Мени

Земјоделците да аплицираат за ИПАРД програмите

22.07.2013 15:06 | KumanovoNews

До крајот на август земјоделците можат да аплицираат за добивање на средства од ИПАРД програмите.

Земјоделците да аплицираат за ИПАРД програмите

Регистрираните земјоделци со пари од ИПАРД можат да набават механизација, да ги модернизираат погоните, да инвестираат во овоштарство, лозарство, одгледување на зеленчук, преработка на месо и млеко и друго.

Половина од потребната сума за реализација на проектот се добива од ИПАРД, а остатокот е на товар на земјоделецот.

За разлика од претходните години сега критериумите за добивање помош од ИПАРД се заострени, а зголемени се и површините за обработка од 3 на минимум 5 декари.

Земјоделците за истата намена ќе треба да изготват и деловен план. Претходните години одзивот за искористување на пари од ИПАРД  во кумановско беше слаб.

Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.