Мени

Земјоделците да платат водарина и пашарина за добивање субвенции

30.08.2013 10:35 | KumanovoNews

Земјоделците кои не добиле субвенции за 2012 година треба да платат водарина и пашарина до крајот на септември.

Земјоделците да платат водарина и пашарина за добивање субвенции

Треба да си ги подмират тие давачки кон државата, кон тие фирми и со потврди да појдат во подрачната единица за земјоделство, да потполнат барања и ќе им бидат исплатени средствата за субвенции за 2012 година. По селата каде што бевме имаше во голем број земјоделци кои не земале субвенции.  Договорите за пашарина ги потпишувале пред 5 години, но сега треба да ги обноват и да си плаќаат давачки - изјави Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Жители на Режановце, Јачинце, Бељаковце, Сув Ора токму од овие причини не земале субвенции.