Мени

Земјоделците и годинава на саем во Пловдив

19.02.2014 09:11 | KumanovoNews

Земјоделците од кумановско и годинава на 5 и 6 март ќе го посетат меѓународниот саем “Агра 2014“ во Пловдив, соседна Бугарија.

Земјоделците и годинава на саем во Пловдив

На саемот ќе се едуцираат за одгледување на животни, машини и инсталации во сточарството, видови на семиња и семенски материјал, ветеринарна медицина, агрохемикалии, пумпи и друго.

Има одзив од фармерите за саемот. Можат да видат многу модерни машини, но реално мал дел од нив можат да ги купат. Секоја година посетуваме по неколку саеми во соседството, а во октомври ќе направиме напори да отидеме на саем во Измир, Турција - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Посетата на саемот ја организира здружението и Федерација на фармери на Македонија.