Мени

Земјоделците на семинар во Солун

16.01.2013 10:15 | KumanovoNews

 Здружението на земјоделските производители своите членови ќе ги води на семинар во Солун.

Земјоделците на семинар во Солун

Семинарот ќе се одржи на почетокот на февруари, а сите заинтересирани земјоделци можат да се пријават од 25 јануари.

Посетителите ќе научат нешто повеќе за земјоделските и прехранбените машини, сточарство и друго. Интерес за семинарот има, но пречка е јазикот. Втората причина е кризното време и недостатокот на финансии - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Во март се планира семинар во Пловидив, Бугарија, а потоа во Нови Сад.