Мени

Земјоделците расадуваат пипер и домати

16.05.2013 09:37 | KumanovoNews

 Кумановските земјоделците почнаа да расадуваат пипер и домати со мало задоцнување заради поплавите.

Земјоделците расадуваат пипер и домати

Имавме период со ниски ноќни, а високи дневни температури и расадот стагнираше. Поплавите делумно придонесоа расадувањето да се одложи. Поголеми површини со пипер и домати се засадуваат во селата Пчиња и Ново Село. Таму некои производители со пипер и домат засадуваат по 10 - 15 хектари - изјави Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Овој зеленчук откако ќе се произведе се пласира на кумановскиот и пазарот во Крива Паланка.