Мени

Земјоделците заинтересирани за одгледување пауловнија

19.12.2013 10:51 | KumanovoNews

Десетина фармери од кумановските села се заинтересирани да одгледуваат пауловнија, дрво кое многу брзо расте а има широка примена во дрвната индустрија.

Земјоделците заинтересирани за одгледување пауловнија

Садници можат да се набават од расадник во Виница, но земјоделците незнаат дали државата преку субвенции ќе го помага одгледувањето на пауловнијата.

Има заинтересирани млади земјоделци, кои сакаат да се опробаат со производство, но на мали површини за да видат дали ќе биде рентабилно. Дрвото е погодно за градежништво, за буриња, мебел. За 3 години расте до 5 метри и штом ќе има пречник 40 цм може да се сече и продава. Како и секое дрвце најдобро е да се засади во есен додека има влага бидејќи бара многу вода. Сите кои сакаат садници можат да се обратат кај нас - изјави Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.

Кај споменикот Зебарњак има еден расадник со пауловнија, но ова дрво најмногу е застапено во струмичкиот крај.