Земјотрес го стресе Куманово
24.09.2011 14:43
| KumanovoNews
Предпладнето во 10.39 минути се почувствувал земјотрес во Велес , Скопје и Куманово
Земјотрес со интензитет од 4 и 5 степени со епицентар на 50 километри југоисточно од Скопје, денеска во 10 часот и 39 минути регистрирале апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил почувствувал во Велес и околината со интензитет од 4-5 степени, како и во Скопје со интензитет од 3 - 4 степени, односно во Куманово со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.