Жените од “Нада Михајлова“ го слават Благовец
09.04.2013 08:32
| KumanovoNews
Членките на Здружението на жени “Нада Михајлова“ го слават Благовец и по тој повод во недела сечеа колач во црква, а договорено е дополнително да имаат програма и прославата за одбележување на празникот.
Бидејќи Благовец се поклопи со денот на изборите, затоа деновиве ќе утврдиме кога да се собереме во нашите простории и да го одбележиме нашиот заштитник Благовец со програма. Обично повикуваме наши соработници, раководството на здружението, наши членки и на репертоар ќе ни биде и драмата напишана на кумановски дијалект “Погрешен телефонски број“ од нашата авторка Гордана Поповиќ - вели Зора Ивановска, претседателка на “Нада Михајлова“.
Здружението “Нада Михајлова“ е регистрирано во 1999 година, а во него членуваат 250 жени.