Мени

Жените со оштетен слух ќе покажат како готват

08.03.2013 09:56 | KumanovoNews

Жените од Здружението на глуви и наглуви Куманово ќе учествуваат следниот месец на средба “Жени домаќинки“ во Охрид.

Жените со оштетен слух ќе покажат како готват

По три претставнички од секој град ќе приготвуваат специјалитети, кои го оценува стручно жири.

 Се пријавуваат обично помлади жени и се организираат заедно, другарки, сосетки. Има благи, солени специјалитети и се оди на тоа секој град да претстави нешто свое. Нашите подготвуваат мезалк. Комисија потоа поминува, ги разгледува јадењата и им дава благодарници на жените домаќинки - вели Зехран Демир, претседател на Здружение на глуви и наглуви Куманово.

Оваа манифестација се оддржува повеќе од дваесет години во охридскиот  хотел “Далјан“ кој е во сопственост на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија.