Женското лоби организира работилница во Куманово
Македонското женско лоби заедно со невладината “Сирма“,утре ќе оддржат работилница на тема "Јакнење на жените и поддршка на родовите перспективи на локалните избори 2013".
Целта на проектот е да придонесе кон процесот на демократизација во Република Македонија во промовирање на положбата на жените во локалната политика, како и на позициите на одлучување на локално ниво преку почитување на позитивните мерки кои се веќе донесени од страна на политичките партии со нивните внатрешни правила, закони и програми како и правни норми донесени со Изборниот законик од 2006. Целна група се жените од политичките партии. Очекувани резултати од проектот се : да се постигне поголема видливост на прашањато за недостаток на жени во локалната политика и да се стават прашањата за родови политики и програми на дневен ред на локално ниво - изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонско женско лоби.
Проектот го спроведува Македонското женско лоби во соработка со невладините организации на локално ниво во 5 општини во Македонија и ќе бидат повикани жените од повеќе политички партии. Трибината ќе се одржи во салата на Советот во зградата на Комитет утревечер во 17.30 часот.