Мени

Зголемен број на пожари во Кумановско

14.07.2011 15:38 | KumanovoNews

За само 4 дена на територијата на општина Куманово се предизвикани над 15 пожари. Противпожарната единица Куманово во просек интервенирала по пет пати на ден, главно во гаснење на опожарена сува трева, стрништа, запалени кабли и куќа.

Зголемен број на пожари во Кумановско

Претежно се работело на пожари во селата Сув Ора, Клечовце, Долно Којнаре, Ајдучка Чешма, Драгоманце, Романовце, Речица, а имало и 5 интервенции во градот. Поради големиот опфат за работа во летниот период противпожарната единица ќе ангажира 20 сезонски пожарникари за да може навремено да се интервенира ако дојде до појава на поголеми шумски пожари, како што беше случај пред неколку години.

Од противпожарната единица апелираат до граѓаните да бидат посовесни во своето однесување на отворен простор и да престанат да ги палат ожнеаните ниви, бидејќи тоа е најстрого забрането и казниво со закон.