Мени

Зголемен сообраќај надвор од градовите

02.08.2013 07:52 | KumanovoNews

 Посебен режим во сообраќајот денеска ќе се применува на патниот правец Куманово-Пелинце, поради пропуштање на службените возила со делегации кои ќе присуствуваа на прославата на Илинден во Меморијалниот центар Пелинце.

Зголемен сообраќај надвор од градовите

Поради тоа од СВР Куманово апелираа до граѓаните, кои планираат да присуствуваат на прославата, да пристигнат до 10 часот за да не останат заглавени во гужвите.

На граничните премини Табановце и Богородица, утринава има зголемена фреквенција на возила, па за излез од државата се чека од 30 минути до 1 час.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози со зголемена фрекфенција кон излетничките места каде што ќе се одржат прославите за Илинден.

Од АМСМ препорачуваат внимателно управување со возилата на патниот правец А-1 делница Миладиновци - Куманово во двата правци, поради присуство на работници кои вршат геодетско снимање на патот за потреби на проектна документација.