Зголемен водостојот на Пчиња, излевања нема
15.05.2014 08:13
| KumanovoNews
Водостојот на реката Пчиња од вчера е зголемен за 10 цм, потврдуваат од Регионален центар за управување со кризи.
Нивото на Пчиња вчера било 70, а денеска е 80 цм, но засега нема излевања од коритото.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека облачно време со послаби врнежи од дожд и пониски температури не очекува и денеска.
Ноќеска најмногу дожд наврна во североисточните делови на земјата. Во Куманово во последните 24 часа паднаа 21 литар дожд на метар квадратен, а другите градови имаат помали количини како на пример Крива Паланка 18, Штип 19, Претор 12, Берово 15, Скопје 11 и Гевгелија 9 литри на метар квадратен. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски од вчера - вели Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.