Зголемена наплатата на данок на имот
Општина Куманово бележи зголемена наплата на данок на имот, а намалена наплата на комуналните такси во споредба со истиот период лани.
Според информациите од Секторот за администрирање на приходи, зголемувањето е за околу милион денари во однос на лани иако се доцнело со достава на решенијата. Ажурирани
се 11.000 решенија по новата методологија, а вкупната бројка изнесува 31.450 даночни решенија.
За комунални такси веќе се поделени решенија и сега е пристапено кон блокада на средства од жиро сметка за 2012 година. Најголем дел од нашите компании се навикнаа и плаќаат во текот на годината или пред да бидат блокирани. Ние им оставаме месец дена за да можат да платат, а пред тоа има опомена. Сите легални средства што ни се на располагање ги користиме. - вели Зоран Павловски, раководител на сектор за администрирање на приходи.
Данокот кој се наплаќа за продажба на недвижен имот, наследство или подарок годинава ќе покаже негативен резултат. Колку општината ќе инкасира по овој основ зависи од купородажбите кои граѓаните ги реализираат.
Според Павловски, ноември и декември се месеци од годината во кои наплатата на даноци вообичаено бележи позитивен тренд.