Зголемена потрошувачката на вода во градот
31.07.2013 12:09
| KumanovoNews
Потрошувачката на вода во градот е зголемена за 20 одсто откако се зголемија температурите.
Од ЈП “Водовод“ информираат дека засега нема проблеми со водоснабдувањето во градот.
Потрошувачката на вода е за 20 отсто зголемена односно тоа се 360 до 400 литри вода во секунда. Ова е карактеристично за овој период од годинава. Засега нема никаков проблем, и во високите зони граѓаните имаат вода - вели Виктор Божиновски, директор на ЈП“Водовод“.
Во наредните денови температурите во Куманово ќе бидат во пораст. Утре не очекуваат 33, во петок 35, а во сабота 37 Целзиусови степени.