Мени

Зголемено производството на сончоглед во кумановско

22.08.2014 08:07 | KumanovoNews

Производството на сончоглед во кумановско е зголемено за 40 отсто во однос на лани.

Зголемено производството на сончоглед во кумановско

Добрата откупна цена од лани ги поттикна земјоделците да засадат поголеми површини со сончоглед.

  “Лани килограм сончоглед се продаваше скоро за едно евро. Годинава има засадено површини со маслодајен и семкарски сончоглед, црн и бел. Најмногу сончоглед има во Шупли Камен, Пчиња, Ново Село, Младо и Старо Нагоричане и во тек е неговата берба“- вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Оваа сезона сеуште не се знае како ќе се одвива откупот на оваа земјоделска култура.