Зградата на Градскиот плоштад ќе добие нов лик
Деновиве интензивно се работи на фасадата на зградата на Градскиот плоштад која наскоро ќе добие нов лик.
Оваа зграда е една од петте станбени згради, кои се вклучени во проектот за енергетска ефикасност на Хабитат Македонија,УСАИД и Општина Куманово. Три веќе се во завршна фаза и се работи на промена на фасадите, а станарите на другите две згради треба да изберат изведувачи.
- Се работи на замена на надворешна столарија, прозорци и врати, дополнување, односно изработка на фасада со изолациони стиропор табли. Овој проект е почнат со пет објекти, а дали некој ќе прифатат зависи од куќните совети и управителите на зградите. Тука Општината се јавува како координатор, помошник. Треба да се задржи автентичниот изглед на фасадите, кои што биле од почеток на објектите и со бојата која што била во перидот на изградба - рече Горан Митевски од секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции.
Новите фасади со добра изолација ќе придонесат за 30 отсто да се заштеди на енергија од што граѓаните ќе имаат голема придобивка.