Мени

Жители на Старо Нагоричане бараат мебел и покуќнина

26.08.2014 13:42 | KumanovoNews

Жители на Старо Нагоричане се заинтересирани за добивање на донации од акцијата “Се грижиме за топол дом“ која ја реализира Министерството за труд и социјална политика.

Жители на Старо Нагоричане бараат мебел и покуќнина

Преку оваа акција тие бараат да им се обезбеди мебел и апарати за домаќинство.

„Од Старо Нагоричанe до сега донација имаат побарано околу 25 лица, но сеуште немаме ниту еден донатор. Набрзо донациите ќе бидат реализирани од другите општини“ - изјави Марјан Гијовски, портпарол на МТСП.

Сите кои сакаат да донираат покуќнина, мебел, апарати за домаќинство, опрема за деца, велоспиеди можат да се обратат во канцеларијата за социјални услуги сместена во простории на општина Старо Нагоричане.