Жителите на четири улици без вода
24.06.2013 08:26
| KumanovoNews
Вода за пиење утрово немаат граѓаните од четири улици во центарот на градот.
Поради дефекти на водоводната мрежа водоснабдувањето е прекинато на улиците “Трета МУБ“, “Тоде Мендол“, “4 јули“ и “Перо Чичо“. Од ЈП “Водовод“ соопштуваат дека нивни екипи веќе се на терен и работат на отстранување на дефектите, по што снабдувањето со вода ќе се нормализира.
Други прекини во снабдувањето со вода во Куманово засега не се регистрирани.