Жителите на четири улици немаат вода
19.03.2013 09:00
| KumanovoNews
Вода за пиење утрово нема на четири улици во Куманово и околните населби.
Водоснабдувањето е прекинато на улиците “Анѓа Ранковиќ“ во населба Перо Чичо, улица “1“ во населба Карпош, улиците “Драги Шутевски“ и “Бајрам Шабани“ во центарот на градот.
Од ЈП “Водовод“ информираат дека се работи за дефекти во водоводната мрежа кои за неколку часа ќе бидат санирани.
Засега други прекини во снабдувањето со вода на подрачјето на Куманово не се регистрирани.