Мени

„Златно пиле„ нова гостилница во градот

25.11.2013 10:19 | KumanovoNews

Во Куманово деновиве е отворен нов угостителски објект, каде што ќе служат првенствено специјалитети од пилешко месо, но и сите останати македонски традиционални јадења.

„Златно пиле„ нова гостилница во градот

Гостилницата "Златно пиле" е уредена во кумановски етно стил и претставува пријатно место за семејни дружења и деловни ручеци.

Онаа по што не издвојува од останатите кафеани во градот се оригиналните рецепти верни на македонската традиција и гурманска кујна типична за овие простори.Нашите цени се пониски од конкурентните за што сами ќе се уверите доколку не посетите. Покрај убаво уредениот внатрешен простор имаме и прекрасна летна бавча во староградски амбиент, каде летно време ќе се следат спортските натпревари.-изјави Ивица Петковски, сопственикот на гостилницата

Професионално зготвената храна и непрекорната услуга само ќе го надополнат уживањето во новиот угостителски објект, особено на љубителите на вкусни пилешки специјалитети со разновидни прилози и салати, прекрасното вино и добрата староградска музика.

 „Златно пиле„, како и секоја македонска куќа со стил, нуди удобност, топлина и уживање. Новата гостилница се наоѓа на улица Народна Револуција, под градскиот парк. Нарачки се примаат на телефон 031/611-998.