Мени

ЗНМ бара да се почитува Кодексот на новинарите

10.07.2014 14:24 | KumanovoNews

Здружението на новинарите на Македонија ги повикува медиумите и новинарите професионално да известуваат од протестите, согласно Етичкиот кодекс на новинарите.

ЗНМ бара да се почитува Кодексот на новинарите

ЗНМ потсетува дека професионалните стандарди и етика налагаат новинарите да пренесуваат точни и проверени информации и треба да застанат во одбрана на човековите права, достоинството и слободата. Медиумите во демократските општества имаат важна улога за јакнењето на правната држава и за контролата на власта, - се вели во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ апелира до колегите со личен пример да го чуваат достоинството на новинарството и да поттикнат взаемна солидарност и да не ги користат медиумите за меѓусебна пресметка.

Ги повикуваме медиумите протестите да ги покриват со искусни новинарски екипи, да им обезбедат соодветни легитимации и обележја, а полицијата да овозможи услови за новинарите непречено да известуваат од протестите и достоинствено да се однесува кон нив. Освен тоа, апелираме и до организаторите и учесниците на протестите нивното незадоволство да не го истураaт врз новинарските екипи затоа што насилството врз нив е апсолутно неприфатливо-додаваат од ЗНМ.