Жртвите на семејно насилство на третман во Скопје
19.07.2013 08:10
| KumanovoNews
Жртвите на семејно насилство и насилниците во иднина ќе ги препраќаат на третман во првиот Меѓуопштински семеен центар во Скопје, кој бил отворен мината недела.
Организацијата на жени “Кумановка“ во соработка со организацијата “ХЕРА“ од Скопје ќе работата да се помогне на жртвите на семејно насилство, насилниците и децата.
Овој проблем е многу голем, иако некогаш ќе речеме незначителен. По јавувањата, по случувањата се гледа дека работата е страшна - изјави Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.
Петровска вели дека лани на ниво на регион се регистрирани 66 случаи на семејно насилство.