×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Апсурд Влада

    Бране Петрушевски

    Република Македонија замислете, испратила нота до Обединетите Нации дека нема територијални претензии кон Бугарија. Или поедноставено, сме гарантирале дека нашата 134-та, од 140 рангирани армии според Global Firepower, нема да ја нападне 67-мо рангираната бугарска армија? Каков апсурд... Па како е тоа можно држава членка на НАТО да се обврзува за немање територијални претензии кон друга држава членка на НАТО, а кои согласно потпишаниот Северно-атлантски договор се воени сојузници и треба меѓусебно да се бранат од такви евентуални напади? Апсурд до апсурд...

       А што друго да се очекува од Влада чиј премиер и повеќето министри немаат изборен легитимитет. Односно не излегле на избори пред граѓаните за да ги легитимираат своите политики кои планираат да ги спроведат во својот мандат. Да бидам јасен, овој премиер има легалитет во формално правна смисла, но нема изборен легитимитет добиен од граѓаните. И бидејќи е именуван директно од Заев за свој наследник, погодувате кому ќе одговара за своите политики.... На народот сигурно не! И затоа му е лесно да ветува дека ќе менува Устав под притисок на друга држава.           

       Внесување на ново малцинство во нашиот Устав може да се случи ако за тоа гласаат 80 пратеници, а не 62 колку што ја поддржаа оваа нелегитимна Влада. Повторно апсурд. Затоа што тоа може да се случи само по претходен општествен договор на сите граѓани, а никако под притисок на друга држава... Ама слатки им се парите и привилегиите што ги дава власта, па оваа ненародна Влада е спремна на сѐ само за да продолжи да владее.

       Премиерот повеќе време е во Бугарија и со Бугарите, отколку што е со Македонците и граѓаните на Македонија, приредувајќи им дипломатски циркус за да ги дефокусира од неколкукратно зголемените сметки за електрична енергија. Енергетската криза е само параван на Владата за релативизирање на сопствената неспособност, додека стопанството и локалните самоуправи буквално плачат врз ненормалните јануарски сметки за струја. Уште еден апсурд е да се фалат со 2 отсто зголемени пензии додека цените на основните производи се дуплираат. Граѓаните тонат во сиромаштија на работ на егзистенција, а на Владата приоритет им е набавка на златен прибор за јадење. Апсурди, апсурди и само апсурди.

        Надвладеаната апатија со оваа власт не нуди перспектива. Македонија бара нова енергија која може да произлезе само од нови избори. Како опозиција секојдневно нудиме решенија за кои континуирано сме игнорирани. Затоа сега нудиме укинување на техничката влада пред избори за да се скратат изборните рокови, нудиме намалување на трошоците на државата преку намалување на бојот на пратениците на 90 и нудиме дијалог за една изборна единица со мал изборен праг. Ова е изводливо доколку се постигне сеопфатен општествен консензус и ајде на избори! Брзите избори се решение од политичкото блато во кое не заглави оваа неспособна власт. 

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*