×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • БЕТОВЕНОВА ДЕВЕТТА ИЛИ ТУРБО-ФОЛК

    Виктор Божиновски

    Уште кога се избираше новата Влада на Република Македонија, таму некаде лани во мај, знаевме дека решавањето на проблемот со името ќе биде прв и основен приоритет и дека, ни се допаѓало тоа или не, ако сакаме да станеме дел од Европската унија и НАТО, друго чаре едноставно нема. Исто знаевме дека таму не можеме да добиеме се што сакаме туку да извлечеме најмногу што можеме. Никој, ваљда, не мислеше дека Грците све ќе ни остават на тањир.

    Така и се дојде до ова што сега го имаме, до уставните амандмани врз основа на Преспанскиот договор.

    Тука работата станува навистина заморна, навистина не постои веќе никакво трпение, не постои никакво рационално објаснување зошто толку многу го влечкаме целиот овој процес, зошто се „мољакаме со Мицко“ што е добро за Македонија и дека и тој неговата распарчана ДПМНЕ треба да бидат дел од целиот овој процес. Убедуваме „човечка и политичка аналфабета“ дека не може да соопштува на ден на гласање на референдум во 12 сат на пладне дека немал да гласа. Не мораме да го убедуваме дека не може да 48 часа пред втора фаза на усвојување на нацрт-амандмани на Уставот он сеуште да "утврдува став", демек као размишља човекот што било добро за Македонија. Бог да чува! Од друга страна, таму кај нив има и едно типче, Митко-Кожувчанка, кој на прв поглед не го ни „есапите“ за сериозен политичар, ама човек кој е исклучително прагматичен (што му е веројатно од бизнисот) и знае што сака и како да го постигне тоа. И сега останува ние уште да се расправаме со Мицко што е поарно за државата, а има таму и друго типче што знае како треба. Да убедуваме човек што е добро за државата, а истиот тој откако дојде на позицијата којашто ја има, значи скоро цела година, дека ова е лош договор, за пред 5 дена да го фрли во оган сопствениот заменик да ни соопшти дека подобар договор не е можен, е чисто губење на време.

    Отприлика, тоа е да убедувате човек дека Бетовеновата деветта симфонија,Одата на Радоста, химната на Европската унија, е подобра музика од Кеба, Цеца, Карлеуша и Аца Лукас! Јас знам дека на нас како народ овие вториве повеќе ни "легаат на уво", дека на нив може да „ѓускаме до бесвест“, ама кога ќе се разбудиме пак ќе бидеме таму кајшто сме биле и претходната вечер.

    Поентата на сето ова е многу едноставна : Дај баталете компромиси со типови како Мицко зашто они очигледно немаат намера да излезат од сопствената „зачауреност“ за да можат од дрвото да ја видат шумата. Процесот на усвојување на амандманите е приоритетен за сите нас, за нашите деца, зашто рака на срце, веќе и мене, кој имам исклучително висок праг на толеранција, стварно почнува да ми стануваат досадни сите дневници и картки вести на сите телевизии без исклучок од по сто соопштенија, изјави пред партиски седишта и „пецкања“ кој бил за помирување а кој за амнестија! Па побогу, зарем воопшто треба да разговараме на такви теми. На Македонија и требаат реформски закони, економски теми, нови фабрики, на сите им е преку глава од политика...

    Виктор Божиновски Виктор Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*